ВИДЕО I Силна бура во Хрватска: Илјадници громови удрија во Истра

Илјадници громови проследени со град го погодија поголемиот дел од Истра во петокот вечерта – од Умаг преку централна Истра, сè до источното крајбрежје, но не предизвика голема материјална штета.

„Како што прогнозирав утринава, силно невреме го погоди северозападот на Истра пред малку. Тоаш тогаш системот се пресели преку Истра понатаму кон Кварнер. Според извештаите од терен, има и град. Град има и во Горски Котар. Потсетувам дека и во Велебит вечерва ќе дува силна бора“, соопшти метеоролог Теа Блажевиќ, пренесе Н1.

Фотографиите и снимките направени во областа погодена од невремето зборуваат сами за себе.

Изјавувајќи дека сè било придружено со активност на грмотевици, истарскиот метеоролошки портал „Истрамет“ известува дека најголемите активности со грмотевици биле регистрирани во регионот на Бује, каде биле изброени илјадници удари од гром. Град падна во Умаг, Бује и дел од регионот Пазин, но според извештаите од теренот не е забележана поголема штета.

„Атмосферата беше многу нестабилна, падна силен дожд, а станиците во Лабин, Мотовун и Бује забележаа околу дваесет милиметри дожд, додека слични количини паднаа на островот Крк“, објави „Истрамет“. Тие забележуваат дека за само два часа, од 18 до 20 часот, биле забележани повеќе од четири илјади удари од гром на Истра.

Според Истрамет, следните три дена конечно треба да бидат обележани со поповолно време, кое ќе биде претежно сончево и топло, особено во недела и понеделник, кога ќе се засили југот. Тоа е вовед во ново, посилно влошување на времето, кое, според прогнозата, ќе пристигне во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот