ВИДЕО I Си-Ен-Ен: Екстремисти прават заговор да го опколат американскиот Капитол пред инаугурацијата

 Илјадници вооружени екстремисти поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп прават заговор да го опколат американскиот Капитол пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, јави Си-Ен-Ен кој се повикува на член на Конгресот.

Изјавата ја даде конгресмен кој бил меѓу лицата од Конгресот кои вчера биле информирани за низата нови закани против конгресмените и Капитол.

– Тие зборуваа за 4.000 вооружени „патриоти” кои имаат намера да го опколат Капитол и да спречат влегување на кој било демократ. Тие објавија правила за ангажман, што значи кога пукаш и кога не. Таа организирана група има план. Тие се посветени на тоа што го прават затоа што мислам дека во нивните умови, тие се патриоти и зборуваат за 1776 година и сега ова е некаков натпревар. Ние не преговараме со овие луѓе, изјави републиканецот Конор Ламб од Пенсилванија

Според него, тие мора да бидат под истрага и да бидат запрени.

– И, за жал, тоа го вклучува и претседателот, и поради тоа тој треба да биде отповикан и отстранет од функцијата, рече Ламб.

ФБИ објави претходно предупредување за „вооружени протести” што се планираат во сите 50 главни градови низ САД и во Вашингтон и поради тоа е зголемена состојбата на тревога кај пратениците и службениците за спроведување на законот по упадот на Капитол минатата недела, кога имаше загинати и повредени.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот