ВИДЕО I Шаќири: Синдикатите и стопанските комори ќе бидат активно вклучени во процесот на промени во јавната адинистрација

Јетон Шаќири
Јетон Шаќири/ Фото: Архива на Слободен печат

Трансферот на административците од јавниот во приватниот сектор што беше најавен од претходниот министер за информатичко општество, Дамјан Манчевски во 2019 година и кој требаше да се реализира истата година, сè уште не е почнат. Додека беше министер, тој објави неколку пакети – понуди кои требаше да бидат одобрени по изборите.

Министерот Шаќири, откако го доби мандатното писмо од премиерот Зоран Заев, на прес-конференција, потврди дека ќе продолжи реализацијата на проектите започнати во претходниот мандат, а најави и нови активности.

– Сите одлуки што се носат од владата за процесот на работа на јавната администрација, секогаш го земаат во предвид здравјето. Од Комисијата за заразни болести ни соопштија дека сè уште има опасност во делот на работа на јавната администрација, но со отпочнувањето на вакцинацијата сигурно дека ќе имаме подобри услови. Дел од јавната администрација се и локалните институции, општините, претпријатијата. Знаете дека во програмата на владата 2020 – 2024 има и процес за намалување на администрацијата, но не може да се реализира без неколку законски промени и без добра анализа. Нашата јавна администрација не сакам да ја гледам како бројка, туку битно е давање на поголем придонес во процесот на квалитет. Ние отпочнавме неколку законски промени – новиот закон за пензионирање, закон за административни службеници, имаме почнато анализа на органите на државната управа што се врши преку ИПА проектот, каде имаме информации за преклопување на функции. Програмата на намалување нема да им штети на вработените во јавниот сектор. Морам да потенцирам дека при спроведување на промените, вклучени ќе бидат Стопанските комори и нема никому да му носи штета, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Целиот разговор во кој министерот Шаќири говори и за прераспределбата на рамковните вработувања, за корупуцијата, непотизмот погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот