ВИДЕО I Русија најави повлекување на својата армија од границата со Украина

Руска војска фото архива на Слободен печат

Русија најави дека утре ќе започне со повлекување на своите трупи од границата со Украина и Крим, откако ќе завршат воените вежби, соопшти Министерството за одбрана.

„Силите покажаа можност да обезбедат сигурна одбрана на земјата. Затоа решив да завршам активности за инспекција во воените области на југ и запад“, на границата со Украина, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Со оглед на тоа што целите на овие вежби се „целосно постигнати“, Шојгу нареди „повлекување на силите“ од утре, додека армијата од Крим ќе се повлече во своите бази до 1 мај.

Според Министерството за одбрана, во маневрите учествувале 10.000 војници, воздухопловните сили, околу 40 воени бродови, ПВО и воздушните сили.

Киев, кој се бори против проруските сепаратисти на истокот, стравува од инвазија насочена кон „уништување“.

Москва, сепак, уверува дека „никому не му се заканува“, а во исто време ги осудува „провокациите“ и „заканувачките“ активности на Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот