ВИДЕО I Русија испраќа десантни бродови во Црно Море, каде НАТО ја изведува вежбата „Морски штит-21

Руски поморски сили од Балтичката флота се испратени во Црно Море заради вежбата на НАТО, пренесоа руските медиуми. Раководството на руската воена морнарица одлучи да испрати четири брода, меѓу нив и големите десантни бродови „Калининград”, „Минск” и „Королев”, како и корветата „Бојкиј”. Бродовите на пладне веќе го преминале Ла Манш и се упатени кон југ, јави пловдивскиот весник „Марица”.

Како што јавува дописникот на МИА од Софија, испраќањето на руските бродови во Црно Море не е случајно. Во моментов во Црно Море се одвива поморската вежба на НАТО „Морски штит -21″ во која се вклучени 18 бродови на Алијансата. Покрај американските, во вежбата учествуваат и бугарски, грчки, романски, полски, турски, холандски и шпански бродови од различни класи: корвети, крстарици, разурнувачи, фрегати и други.

Во вежбата „Морски штит-21″ на НАТО учествуваат и 2.400 воени лица, 10 борбени авиони и хеликоптери. Копнениот дел од вежбата се одвива во Романија. НАТО вели дека целта на вежбата е да се зголеми соработката меѓу Воено поморските сили на Романија и сојузничката морнарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот