ВИДЕО I „Путин е дедо што се крие во бункер“: Навални останува во притвор до 15 февруари

На рускиот опозициски лидер Алексеј Навални му беше одреден притвор до 15 февруари, ден откако беше уапсен по пристигнувањето во Москва, објави неговиот адвокат.

ВИДЕО: Навални експресно уапсен на аеродромот во Москва, му се заканува затвор од 10 години

„На Алексеј Навални му беше одреден притвор во траење од 30 дена до 15 февруари“, напиша на Твитер неговиот адвокат Вадим Кобзев.

Навални (44) е уапсен синоќа на аеродромот Шереметјево, откако пристигнал од Германија, а денес беше изведен пред судот.

Тој постапка во неговиот случај денес ја осуди како „целосно незаконска“.  “Не разбирам што се случува. Сум видел многу пародии на правдата … но ова е целосно незаконско”, рече Навални на видеото објавено на Твитер од неговата портпаролка Кира Јармис.

Навални рече и дека е изнендаден зошто судскиот процес против него се води во полициска станица а не во вистинска судница.

“Овој процес го води тој  „дедото (Путин) што седи во бункер“ затоа што се плаши од сè“, нагласи Навални. 

Коментар на Лавров на реакциите за апсењето на Навални: Целта на изјавите од Запад е пренасочување на вниманието од сопствената криза

Руското биро за извршување на кривични санкции објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за „повеќекратно кршење на правилата“ додека тој беше на проба и дека ќе биде во затвор до следната судска одлука.

Навални реши да се врати во Русија и покрај заканата од затвор.

Навални од притвор повикува на протести: Не плашете се, излезете на улица, излезете за себе и за својата иднина

ВИДЕО | Андоновиќ: Активирана условна казна и црвен картон за опозиционерот Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел лут на Кремљ: Веднаш да го ослободите Навални

По приведувањето на Навални: Сајтот на руската Федерална служба веќе два часа е мета на хакерски напади

Реакции од европски држави и САД за апсењето на Навални

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот