ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ | Неколку мртви по брутален напад во центарот на Виена, врисоци и локви крв, едно лице се разнесе

Австриските медиуми вечерва јавуваат за експлозија и пукање пред синагога во центарот на Виена.

Во нивните вести се наведува дека се слушнале неколку истрели во близина на Шведенплац по што едно лице се разнело со појас со експлозив.

Медиумите, исто така, објавија дека во инцидентот учествувале неколку напаѓачи по кои моментно се трага. Австриската полиција ги замоли жителите да го избегнуваат местото на настанот и поширокото подрачје околу верскиот храм.

Се споделуваат видеа на кои се гледа како полицијата ги пребарува рестораните во околината во потрага по напаѓачите.

Очевидци за австриската ОРФ сведочеле дека напаѓачите биле воорушени со автоматски пушки.

– Звучеше како експлозија, а потоа сфативме дека се пука. Потоа видовме лице како трча низ Зајтенстетен и дивјачки пука од автоматска пушка. Потоа сврте во правец на Шведенплац каде продолжи дивјачки да пука. Потоа пристигна и полиција, изјавија очевидци кои додадоа оти слушнале 50-ина истрели.

На социјалните мрежи се шири снимка од лица за кои се тврди дека се напаѓачите.

На камера е фатен моментот кога еден од полициските службеници беше застрелан.

Засега е познато само дека еден од напаѓачите се разнесе во близина на синагогата, додека друг беше усмртен од полицијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот