ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Споменикот на еден од најважните српски владетели, Стефан Немања, денес беше свечено откриен во Белград. Илјадници луѓе се собраа и покрај строгите епидемиолошки мерки.

Споменикот е висок 23 метри и тежок 68 тони, а го покажува предокот на средновековната српска династија Немањиќи со меч во десната рака и Повелбата Хиландар во левата рака.

Во Србија сè уште е на сила забраната за собирање повеќе од пет лица. Исто така, угостителските објекти се отворени до 20 часот, а продавниците за храна до 21 часот.

На церемонијата присуствуваа сите важни државни политичари – претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, претседателот на парламентот Ивица Дачиќ, министрите, претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ и неговиот заменик Горан Весиќ.

Беа присутни и претставници на Српската православна црква, следени од градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ и рускиот амбасадор Александар Бокан Карченко.

На плоштадот беше поставен голем видеобим, на кој беше проектиран филм за Стефан Немања и неговото значење за Србија, како и процесот на создавањето на споменикот.

Споменикот беше од Москва до српскиот главен град беше транспортиран сукцесивно, на делови. Околу десет руски мајстори учествуваа во поставувањето на споменикот, што започна во август минатата година, заедно со локалните работници кои беа задолжени за реконструкција на самиот плоштад.

Стефан Немања живеел во 12 век, од 1113 до 1199 година

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот