ВИДЕО | И по ова јубилејно издание ќе продолжиме да го одржуваме квалитетот на Скопскиот џез фестивал што не е лесна работа

Костадин Шурбановски / Утрински брифинг

Од денеска до 24 октомври во Националната опера и балет и кино Фросина ќе се одржи 40. издание на Скопскиот џез фестивал, на кој ќе настапат 11 изведувачи од Северна Македонија, Европа, Куба и САД.

– Ако сакаме во неколку збора да ја сумираме главната карактеристика на годинашното издание, тоа е раскошна и богата програма, која соодветствува на јубилејот. Програмата трае пет дена со многу активности и придружни настани, кои ние не сакаме да ги нарекуваме придружни бидејќи се еднакво важни како и главната програма. Вечерва во Националната опера фестивалот го отвора шведскиот музичар Матс Густафсон, кој вечерва настапува соло, на на фестивалот ќе настапи уште два пати со различни музичари, и квартетот на американската басистка Линда Меј Хан Ох. Имаме музичари од Европа, од Куба, за Роберто Фонсека картите први се распродадоа, комплет билетите се исто така веќе распродадени, а колку што знам и за вечерва сите карти се распродадени, тоа секако е резултат на квалитетната програма, но за жал и на намалениот капацитет на салите каде се одржува фестивалот, вели за „Утрински брифинг“ Костадин Шурбановски од Скопскиот џез фестивал.

– Освен главната програма би го издвоил доделувањето на наградата за најдобар млад македонски џез музичар, традиција која трае веќе неколку години со која го вртиме рефлекторот кон некои помлади џез сили во Македонија, вели Шурбановски.

Што се однесува до финансирањето на фестивалот од страна на Министерството за култура кое годинава ги намали средствата што му ги доделува на фестивалот, тој вели:

– Сето тоа заврши релативно среќно штом го одржуваме фестивалот, бидејќи бевме пред одлука да ставиме точка затоа што навистина не сакаме повеќе да бидеме шутирани на маргините со оглед на нашата километража, квалитетот и се’ она што сме го постигнале, додава Шурбановски.

Тој нагласи дека во иднина не се планираат позначајни промени во концепцијата на фестивалот, туку ќе се продолжи со одржувањето на неговиот квалитет.

Целиот разговор проследете го во видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот