ВИДЕО I Пламен низ светот: Протести за поддршка на Палестинците во конфликтот со Израел

Во многу европски и светски градови денеска се одржани протести за поддршка на Палестинците во конфликтот со Израел.

Во центарот на Мадрид организирани се масовни протести поради израелските напади на Газа и Ал Акса.

Меркел: Германија нема да толерира антисемитски протести

Стотици демонстранти се собраа напладне во центарот на главниот град на Шпанија и излегоа на протестен марш. Демонстрантите во Мадрид бараат крај на израелските напади, крај на израелската окупација и децениско угнетување на Палестинците.

Илјадници демонстранти се собраа и на протестите во Брисел, главниот град на Белгија, кои беа организирани по повод израелските напади и комеморацијата на 73-годишнината од почетокот на прогонот на палестинскиот народ на Блискиот исток.

Илјадници демонстранти се собраа на пладне во Хајд Парк и се упатија кон израелската амбасада во Лондон. „Терористички Израел” и „Стоп за етничкото чистење” се пораките што демонстрантите ги истакнаа на транспарентите. Демонстрантите во Лондон бараат крај на израелските напади, крај на израелската окупација, но и британските власти да престанат да го поддржуваат Израел.

ФОТО+ВИДЕО I Жесток судир во Париз: Полицијата со водени топови ги растури пропалестинските демонстрации

И покрај забраната, протести се одржаа и во Париз, кои полицијата ги растури со помош на солзавец и водени топови.

ВИДЕО l Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“, „Асошиејтед Прес“ и „Франс Прес“

Протести се одржаа во Мелбурн и Сиднеј, Австралија, каде неколку илјади луѓе се собраа за да ги осудат израелските напади и да побараат нивно запирање. За време на протестите беа истакнати знамиња и транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина, Слободна Газа”, „Стоп за израелските напади”, „Израел надвор”, „Срамота за Израел” и слично.

Ирански министер ја откажа посетата на Австрија поради израелското знаме

Во обраќањето на демонстрациите беше речено дека израелските напади се спротивни на законот и нехумани, но критики беа упатени и до австралиските власти за немото набљудување на овие настани.

Меркел: Германија нема да толерира антисемитски протести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот