ВИДЕО I Парада на вооружени деца во Русија ја шокира земјата: Децата маршираат и извикуваат „Нема милост кон нашите непријатели, Ние сме Руси, Господ е со нас“

Ученици од основните училишта во Русија беа снимени како носат реплики од пушки и пеат како треба да бидат немилосрдни кон непријателот, на бизарната воена парада во индустрискиот град Електростал, околу 60 километри источно од Москва.

– Ние сме Руси, Господ е со нас … Русите доаѓаат – викаа тие.

– Нема милост кон нашите непријатели … Последниот здив е за татковината … – се некои од стиховите.

Маршот за момчиња и девојчиња се одржа во време на тензии меѓу Русија и Западот околу Украина. Николај Патрушев, шефот на советот за безбедност на Кремљ, побара засилување на руската младина во воените редови, од кои веќе има 803.000.

Критичарите велат дека таканаречената „Јунармија“, руска младинска армија, наликува на Младината на Хитлер во нацистичка Германија и зборува за подемот на милитаризацијата во Русија. Патрушев, поранешен шеф на службата за безбедност на ФСБ, повика на „создавање и развој на центри за обука во регионите за воено и патриотско издигнување на младите“.

„Тоа ќе помогне во борбата против екстремизмот и прозападните либерални вредности“, рече тој.

Но, психологот Елена Кузнецова ја критикуваше парадата во Електростал – која не е специјално поврзана со Јунармија – за величање на војната и смртта. Таа рече дека децата не треба да носат воени униформи и посочи дека организаторите ја претставиле војната како еден вид празник.

– Повеќето наши предци во воените години беа закопани во оваа облека. Воена униформа е облека за смрт – рече таа, додавајќи дека „децата треба да купуваат облека поврзана со животот, а не со смртта“.

Сепак, организаторите на настанот тврдат дека „тоа не е парада, туку училишна проверка на маршеви и песни“. Заменик директорот на училиштето, Елена Карпашева, рече дека деветгодишни деца носеле „пушки играчки“, додека оние на возраст од 7-16 години само марширале и пееле.

Според „Сан“, училиштето има врски со Федералната криминална служба (ФСИН) во Русија, која учествувала во настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот