ВИДЕО I Паника на аеродромот во Франкфурт: Пронајдена е сомнителна торба, евакуацијата е во тек!

Полицијата го блокираше пристапот до одредени делови на аеродромот во Франкфурт, вклучувајќи го и терминалот 1, поради сомнителен багаж. .


На најпрометниот аеродром во Европа стопиран е и сообраќајот на регионалните и аеродромските возови.

„Поради полициската операција, во моментов се затворени делови од терминалот 1, регионалната железничка станица, како и аеродромскиот воз. Од патниците се бара да ги следат упатствата на службата за безбедност“, стои во соопштението на Твитер профилот на аеродромот во Франкфурт.

Операцијата е иницирана поради напуштена торба за која на крајот се покажало како безопасна. Сепак, според најавите на аеродромот, федералната и државната полиција сè уште истражуваат.

На патниците им се препорачува да ги проверат летовите бидејќи некои ќе доцнат поради ситуацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот