ВИДЕО I Орбан повторно го шокира светот: Оддаде признание на нацистички пилот, нарекувајќи го витез и херој

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му оддаде почит на неодамна починатиот пилот од ескадрилата 101 од времето на Втората светска војна, попозната како Пума, Ендре Франко, кој почина на 97-годишна возраст, како последен преживеан член на таа злогласна единица што се бореше на страна на нацистичка Германија.

Во чест на „нацистичкиот пилот” над Будимпешта пролетаа три авиони Грипен, а Орбан го нарече витез и херој и го извика слоганот на единицата: Нашиот командант е храброст, а наш другар – среќа. На крајот рече дека „хероите од Пума летале во небесна машина”, пишува Јутарњи лист.

Пилотите на Пума, летајќи на германските ловци „Месершмит Бф 109″, соборија 108 американски бомбардери и авиони-ловци над Унгарија и Австрија. Летечката единица е основана во март 1944 година откако трупите на Хитлер влегоа на територијата на Унгарија во страв од Црвената армија, која веќе се приближуваше до границите на Источна Европа.

Ендре Франко се приклучи на единицата на 21 година и по само неколку часови обука беше испратен во првите борбени операции, а во мај 1945 година американските војници го заробија на австриско-германската граница. Ева Балоф, американска историчарка со унгарско потекло, смета дека е срамно што Орбан му оддаде почит на Франко, сметајќи го тоа не само како негова рехабилитација, туку и како симболична ревизија на историјата и унгарското учество во Втората светска војна на страната на силите на Оската.

Имено, Орбан со години се обидува да го рехабилитира воениот водач на Унгарија, адмиралот Миклош Хорти, за кого зборува како за „голем патриот”, обидувајќи се да го намали неговото и на Унгарија учеството во холокаустот во кој скоро половина милион унгарски Евреите починаа во текот на 1944 година и во 1945 година, кога резултатот од војната и победникот биле практично познати, а тие биле депортирани во нацистичките логори на смртта (претежно во Аушвиц).

Хорти започнал со депортацијата на Евреите, но во септември 1944 година, кога Црвената армија веќе ги ослободи Романија, Бугарија и Србија, тој бил сменет со државен удар од унгарскиот нацист Ференц Саласи, водачот на Стрелестите крстови. Од таа причина, ревизионистичката историска машинерија на Орбан сака да го отстрани „товарот” на одговорност за прогонот на Евреите од Хорти, но депортациите, како што знаеме, започнаа за време на неговото владеење, посочува АФП, пренесува „Јутарњи лист”.

За потсетување, Унгарија се приклучи на Тројниот пакт во 1940 година, и како награда доби делови од територијата на Словачка, Романија и територијата на Кралството Југославија, наведува весникот.

„Јутањи” потсетува дека во Унгарија беше подигнат споменик со список на „одземени” територии. Вкупно 12.500 градови, села и општини се наведени на овој меморијален носталгичен споменик, вклучително и многу хрватски места сè до Риека, која до 1920 година им припаѓаше на унгарската и австро-унгарската монархија. Владата на Орбан го плати 16 милиони евра, а во центарот на големиот комплекс, Споменикот на националното единство, гори вечен пламен.

Орбан има позитивен став кон Миклош Хорти и го смени името на државата од Република Унгарија во Унгарија со цел да се потенцира историскиот континуитет на државноста, без оглед на формата на државно уредување

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот