ВИДЕО: И официјално, Ромелу Лукаку се врати во Интер

Ромелу Лукаку повторно во дресот на милански Интер/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ромелу Лукаку повторно ќе биде во дресот на Интер после една година помината во редовите на Челси.

Лукаку се враќа во клубот каде го играше најдобриот фудбал во кариерата, имаше најдобри бројки и освои шампионска титула.

Белгиецот не ја криеше желбата да се врати во Милано уште во текот на минатата сезона, во текот на својот втор мандат во Челси, каде не го покажа тоа што се очекуваше од него на терените.

Сега се враќа на „Џузепе Меаца“ со цел да им помогне на „нераѕурите“ да го вратат Скудетото во своите витрини.

Договорот е потпишан на една сезона, до јуни 2023 година, а во договорот околу позајмицата нема клаузула за можен откуп. Интер ќе му плаќа полна плата на Лукаку која изнесува 12 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот