ВИДЕО I Невреме во Владивосток: Луѓе и монтажни објекти паѓаат како покосени, ветришта со брзина и до 136 км./ч.

Фото: youtube/printscreen

Ветарот овие денови во Владивосток достигнува брзина и до 136 километри на час. Но, тоа не е единствен проблем со кој се соочуваат граѓаните на тој руски град. Улиците се претворени во лизгалишта по врнежите од дожд што ниските температури го претворија во мраз.

Освен неможноста за нормално движење, луѓето се сведоци и на поместувања на автомобили низ градот како последица на силните ветрови. Надлежните служби имаат полни раце работа, бидејќи возилата буквално се лизгаат по асфалтот поради неадекватните услови за сообраќај.

Снимки од Владивосток покажуваат и уривање на бројни монтажни објекти под налетите на ветрот, а некои од нив завршија и врз паркирани автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот