ВИДЕО I Навивачка фешта во Холандија: Со трактори ги испратија фудбалерите на најважниот натпревар во сезоната

принтскрин/јутјуб

Љубовта на навивачите не познава граници.

Поради пандемијата на коронавирусот навивачите ги нема на стадионите, но тоа не ги попречува да прават фешти надвор од нив.
Фудбалерите на Де Графшап вечерва го играат најважниот натпревар оваа сезона, победа над вториот тим на Ајакс ќе ги однесе во првата холандска лига, Ередивизијата.
Тоа беше причина за навивачите на клубот кои се познати како „Супер фармери“, своите миленици на пат кон Амстердам да ги испратат на несекојдневен начин со кој го оправдаа прекарот.
Имено, колони трактори со сино-бели знамиња ги изненадија фудбалерите на Де Графшап и им посакаа успех на вечерашниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот