ВИДЕО I МВР уапси банда дрвокрадци во прилепско

По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 "Пустошење на шуми" од КЗ на РСМ.

На 26.05.2022 на повеќе локации во место викано Борула, прилепско е спроведена координирана акција по оперативна акција „Гора“. Уапсени се И.А.(35), С А.(58), А.З.(27) Д.А. (25), Н.М. (26), М.А.(24), А.А.(41), Ш.З.(41), П.К.(42)сите од Прилеп, како и седум малолетници.

Пронајдени и одземени се шест патнички моторни возила, натоварени со дрва.Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни,кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП” Национални шуми“. По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Прилеп по член 226 “Пустошење на шуми” од КЗ на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот