ВИДЕО: И мртвите немаат мир, азербејџански војници сквернават ерменски гробови

Се појави уште едно видео кое сведочи за вандализмот на азербејџанската армија врз ерменска обележја во Нагорно – Карабах, откако на сила е примирјето меѓу двете земји, под патронат на Русија.

На снимките се гледа како азербејџански војници ги рушат нагробните споменици на ерменските гробишта.

Ерменија требаше Келбаџар да го предаде на Азербејџан на 15. ноември, но Баку се сложи преземањето да биде одложено, по барање на Ереван.https://www.slobodenpecat.mk/video-kako-azerbejdhanski-vojniczi-donesoa-mir-vo-ermenskite-kuki-vandalizam-vo-nagorno-karabah/

Азербејџансктие власти соопштија дека поради влошувањето на временските услови отежнато е повлекувањето на ерменската војска и цивилите долж единствениот пат кој овој планински регион го поврзува со Ерменија.

Од патот истот така треба да бидат отстранети и мините, соопшти азербејџанското министерство за одбрана. Договорот за прекин на огнот склопен пред две недели предвидува Ерменија да и ја предаде Азербејџан контролата на некои територии надвор од границите на Нагорно – Карабах.

Агдамскиот регион е прва територија која Ереван ја предаде на Баку во текот на минатата недела.

По потпишувањето на примирјето, некои Ерменци го напуштија Келбаџар откако ги запалија свотие куќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот