ВИДЕО I Момироски: Од четири децении заштита на Охрид под УНЕСКО, три децении имаме негрижа

Статусот „Светско наследство на УНЕСКО“ е најпрестижната титула што едно подрачје или локалитет може да ја добие. За едно место да биде прогласено за светско наследство се подготвува опсежна документација што треба да ја докаже неговата исклучителна вредност и важност за човештвото денес и во иднина. Истовремено, УНЕСКО проценува дали државата воспоставила систем за заштита и може да гарантира трајно зачувување на интегритетот и автентичноста на доброто како главни атрибути на исклучителната универзална вредност.

Слабостите нотирани од УНЕСКО за односот на државата, на институциите и на ластите на национално и на локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно, односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација резултираа Охридскиот регион да ги исполни критериумите да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.

Гостин во „Утрински брифинг“ беше новинарот Горан Момироски, според кого сè ова што сега се случува е последица на една системска негрижа кон универзалното добро.

– Од четири децени заштита, веќе три децении имаме негрижа. Сè она што се таложело со години, очигледно е дека сега тешко може да се поправи. Не се само дивоградбите во прашање, туку целиот однос кон културното наследство, пред сè се она што се случуваше во изминативе години. Најмногу загрижува дека институциите целосно затаија во изминатиот период. Пред очите на институциите што се оформени да ги заштитат вредностите е нотирано во обениот извештај од УНЕСКО. Она што се очекува е да се покаже волја дека сè сака нешто да се промени. Од некаде мора да се почне и чекор по чекор да се покаже одлучност, пред сè кон дивоградбите, вели Момироски.

Целиот разговор со новинарот Момироски, каде тој говори и за недостатокот од ПЦР тестови во Охрид погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот