ВИДЕО I Мојот круг е мафијата: Претседателката на Судот во Елбасан ја шокира јавноста со видеа на ТикТок

Претседателката на окружниот суд во Елбасан, Енкеледа Капедани е многу активна во социјалната мрежа „Тик Ток“. И иако во градот Елбасан владее криминалот, Капедани наоѓа време да позира и да пее во ритамот на најновите хитови.

Една од нив е песната на Дон Џони „Мафија“. ’Мојот круг е мафијата‘ се стихови од песната, која се чини дека на судијката најмногу и лежат на срце и најдобро ги пее, објавија албанските медиуми.

Како тоа да не е доволно, таа споделува и видеа од нејзината канцеларија. На една од нив се гледа како Капедани прави парада, од вратата до моментот кога ќе седне на канцелариското столче. Ја снима некој, кој најверојатно е дел од нејзиниот персонал.

Сепак, претседателката на Судот напиша дека „ова се случува кога таа оди на работа во сабота“, во пост во кој закачи и емоџи што плаче.

Начинот на кој судиите треба да се однесуваат внатре и надвор од судницата е формализиран во Кодексот за судска етика, усвоен од Високиот судски совет на Албанија во април 2021 година. Дел од него е принципот на правично и воздржано однесување.

Преку него, од судиите се бара да избегнуваат лошо однесување. Во третата точка на ова начело, Судскиот кодекс на етика предвидува дека судијата не дозволува неговата функција да се користи за други цели освен оние поврзани со вршење на судска активност.

Исто така во рамките на истиот принцип, Кодексот подвлекува дека судијата треба да покажува воздржаност во користењето на медиумите и социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот