ВИДЕО I Милевски: Владата подготвува концепт за санирање на новите долгови кон општините

Општините во континуитет ги зголемуваат долговите, но тоа не е случај секаде. Има градоначалници кои домаќински менаџираат со буџетите. Пример е градоначалникот на Неготино. По враќање на 50 отсто од долговите, тој во неговиот мандат успеа да врати долгови во вредност од два буџета и сега да биде во позитива. Значи сето тоа зависи од карактерот и способноста на менаџирање на градоначалникот, изјави минситерот за локална самоуправа, Горан Милевски во „Утрински брифинг“.

– Мислам дека проблемот со долговите треба системски да се реши. Не треба да зависиме од желбата и карактерот на градоначалникот, туку мора системскии да ги ограничиме за да не можат да влегуваат во нови задлжувања. Тоа го направи Тевдовски кога ги ограничи буџетите, а измената на Законот сега по вторпат се наоѓа на дневен ред во Собранието. Владата се одлучи да се ограничат можностите за задолжувања на 50 отсто. Она што е важно е да се ограничат несуштинските трошења, да се ограничи бројот на вработувања во Јавните претпријатија и да одат за инвестиции. Втората важна работа, по ограничување на таквите несуштински трошења, е да се зголеми буџетот за капитални инвестиции, што ќе се направи со зголемување на зафатот од ДДВ, од персоналниот данок, од данокот на имот, истакна Милевски.

Помалите општини, според министерот за локална самоуправа, едвај ги покриваат трошоците за плата.

– Таму не можеме да дискутираме за инвестициски циклус, ако Владата не креира политики за поддршка и финансирање на проектите. Кога дискутираме со меѓународната заедница, тие гледаат јасна порака од министерот за финансии дека има желба и приоритет му е фискалната децентрализација. Оние кои го следат процесот што е поврзан со фискална децентрализација, за првпат може да забележат желба и волја кај минситерот за финасии да се откаже од дел од своите приходи и да ги трансферира кај општините, вели Милевски.

Милевски во гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна и дека не се размислува за излегување од владата на Заев и дека тоа воопшто не е на дневен ред во партијата.

– Не го разбирам барањето за предвремени парламентарни, заедно со локалните избори, истакна Милевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот