ВИДЕО I Масакар на самиот почеток на Рамазан: Силна експлозија на пазар во Багдад, има мртви и ранети

Еден цивил загина, а 12 лица се повредени во експлозија во ирачката престолнина Багдад, известува безбедносната служба. Најмалку еден цивил загина, а 12 се повредени во експлозија во ирачката престолнина Багдад, соопшти во четвртокот медиумската служба, која обезбедува информации за безбедносните инциденти во земјата. 

Експлозијата се случи на пазарот во источната област Хабибија во Багдад, се наведува во соопштението на службата, цитирана од официјалната новинска агенција ИНА. Според службата, дополнителни детали за инцидентот ќе бидат дадени подоцна.

Големи воени и полициски сили веднаш пристигнаа околу пазарот.

Претходно истиот ден, безбедносен извор изјави дека експлозијата се случила во главниот град на Ирак и резултирала со бројни жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот