ВИДЕО I Луксузен замок: Погледнете како изгледа новиот дом на Меси во Париз

Меси и семејството ќе живеат во замок кој е изграден во 19 век/Париз, Франција/фото: Foto: EPA-EFE/Ian Langsdon; Printscreen/Youtube/Leggett Immobilier

Лионел Меси беше ѕвезда во летниот преоден рок откако по 20 години поминати во Барселона, се пресели во ПСЖ каде повторно игра заедно со Нејмар, но и со Килијан Мбапе.

Аргентинецот се уште се привикнува на животот во Париз, а моментно е во потрага по дом во кој ќе живее заедно со сопругата Антонела Рокуцо и трите сина, Тијаго, Матео и Чиро.

Според француските медиуми, нов дом на Меси би можел да биде замок од 19 век.
Станува збор за замок кој е изграден 1899 година и има 2.000 квадрати и 30 соби. Покрај тоа има и затворен базен, неколку тајни подземни простории, кино, теретана, терен за сквош, неколку гаражи како и простории за персоналот. Замокот се наоѓа на 15 километри од тренинг центарот на ПСЖ.
Погледнете како изгледа потенцијално новиот дом на Лионел Меси во Париз:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот