ВИДЕО I „Locked Down“: Првиот игран филм за пандемијата на коронавирусот

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во време кога пандемијата на коронавирусот се уште владее, ни пристигнува и новиот филм со пандемиска тематика, што се гледа уште од самиот наслов „Заклучени“ („Locked Down”) во главна улога со оскаровката Ен Хатавеј.

По неодамнешното раскинување Линда и Пекстон се наоѓаат на несреќна раскрсница кога задолжителниот лондонски локдаун поради пандемијата на ковид-19 ги принудува да останат под ист покрив.

Додека новите одговорности ја оставаат успешната директорка за маркетинг Линда разочарана од корпоративниот свет, Пекстон, креативец со криминално минато, се наоѓа на условна казна.

Потпомогнати од поезијата и обилното количество на вино, нивните напори за мирен соживот ќе им помогнат повторно да ги откријат слободните духови во нив и да станат опиени од неочекувата прилика за високоризична кражба на накит.

Паметниот, секси и изненадувачки „Locked Down“ ги следи Линда и Пекстон додека го ставаат на коцка партнерството за приликата засекогаш да го променат својот живот.

„Беше тоа возбудливо искуство. Некои луѓе во локдаунот започнаа да пушат, некои да пијат со ручекот, некои станаа насилни, некои повлечени, а некои пак посегнаа по криминалот, а ние ги собравме сите тие чувства и го снимивме филмот за тоа“, изјави претходно Хатавеј во „Late Night With Seth Meyers”.

Премиерата на филмот „Locked Down“ е на 5-ти февруари на HBO GO, додека на HBO ќе биде прикажан на 7-ми март во 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот