ВИДЕО I Лига на Европа: Пеналот кобен за Адеми и Ристовски, Јунајтед со едната нога во полуфинале

epa09123008 Arijan Ademi (R) of Dinamo Zagreb in action against Etienne Capoue (L) of Villarreal during the UEFA Europa League quarter final, 1st leg match between Dinamo Zagreb and Villarreal in Zagreb, Croatia, 08 April 2021. EPA-EFE/ANTONIO BAT

Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, е поразен со 0:1 во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 43. минута  кога дефанзивецот на Динамо, Кевин Теофил играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што судијата Зибер досуди на белата точка. Сигурен реализатор беше Жерар Моремо.
И Адеми и Ристовски ги одиграа сите 90. минути за Динамо Загреб кого наредниот четврток го очекува тешка задача на реваншот во Шпанија.

Манчестер јунајтед со 0:2 славеше на гостувањето кај Гранада и со едната нога е во полуфиналето. Водечкиот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Маркус Рашфорд во 31. минута, а конечниот резултат го постави Бруно Фернандеш од пенал.

Екипата на Рома ќе има предност од 2:1 на реваншот кој идната недела на својот „Олимпико“ ќе го игра против Ајакс. Холандскиот тим беше подобар тим вечерва, но две големи грешки и дозволија на Рома да слави. Ајакс поведе со голот на Класен во 38. минута,  а на стартот од вториот дел можеше да има водство и од 2:0, но капитенот Душан Тадиќ го промаши пеналот.
Рома израмни во 57. минута преку Пелегрини,  а победничкиот гол беше дело на Ибањез во 87. минута.


Арсенал одигра само 1:1 против Славија Прага во Лондон и во реваншот го очекува тешка задача доколку сака да го елиминира чешкиот шампион кој игра одлично во ЛЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот