ВИДЕО I Лавата топи се пред себе: Страшни снимки од ерупцијата на Етна, пепел ги затрупа градовите

Вчера се случи нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија. Чадот и пепелта се издигнаа дури еден километар во воздухот, а поради ерупцијата, блискиот аеродром беше накратко затворен.

Етна, кој е висок 3.350 метри, е еден од најактивните вулкани во светот. Еруптираше пред еден месец. Нема повредени, а нема извештаи за оштетување на куќи и згради. Пепелта ги покри околните градови.

Реки жешка лава сè уште течат по падините на вулканот.

Вулканскиот материјал и карпите со големина до 10 сантиметри предизвикаа бројни штети на возилата.

Локалните власти бараат да се прогласи елементарна непогода во планинските општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот