ВИДЕО I Крвав бунт: Над 50 затвореници загинаа во нереди во три затвори во Еквадор

Фото: Twitter

Над 50 лица ги загубија животите за време на денешните протести во три затвори во Еквадор, објави тамошната полиција на Твитер. Владата ги опиша немирите како „координирана акција на организираниот криминал“, наведува агенцијата „Ројтерс“.

Причина за нередите, според министер во еквадорската влада, е пресметка меѓу криминални банди.

Според пишувања на медиумите во Еквадор, членови на семејства на затворениците ги потврдија информациите, истакнувајќи дека членови на една банда нападне членови на ривалска група. Најголем дел од загинатите (38) се евидентирани во затвор во Куенка, во Гвајакил – 22 и во Латакунга – 8.

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено изјави дека полицијата прави се што е во нејзина моќ за повторно воспоставување на ред во затворите, пренесуваат светските медиуми.

– Криминалните организации истовремено спроведуваат насилни акции во неколку затвори во земјата. Министер во владата и полицијата работат на преземање на контролата во затворите, напиша Морено на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот