ВИДЕО I Комични сцени во Романија: Ги однесоа бодовите, но него го заборавија, фудбалер трчаше по клупскиот автобус

принтскрин/твитер

Романската фудбалска лига сигурно не е меѓу најсилните и најатрактивните во Европа, но сцената која се случи вчера е вистински хит во медиумите.
Имено, фудбалер трчаше по клупскиот автобус бидејќи бил заборавен на стадион.
Екипата на Клуж славеше со 1:0 на гостувањето кај Академија Клинчени, ги освои бодовите, но го заборави својот играч. Очигледно дека еуфоријата по освојувањето на трите бодови со кои останаа на првото место на табелата беше толку голема по што никој не примети дека во автобусот го нема фудбалерот Овидиу Хобан.
Вистински хит е видеото на кое се гледа како Хобан трча по автобусот и мавта со рацете, но автобусот му избега. За негова среќа, застана еден автомобил и му помогна да го стигне клупскиот автобус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот