ВИДЕО I Кој е Клутин? Бајден го згреши презимето на рускиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден погрешно го изговори презимето на неговиот руски колега Владимир Путин, додека зборуваше за политиката на Вашингтон кон Москва и го нарече „Клутин“.

– Исто така, го информирав претседателот Клутин дека САД се ……..„Путин“ и дека САД се непоколебливи во поддршката на нашите сојузници и партнери во Европа – рече Бајден, цитиран од прес-службата на Белата куќа.

Освен со името на Путин, Бајден имаше проблеми и со изговорот на зборот ескалација.

– Соединетите држави не се обидуваат да влезат во вакци…. – круг на ескалација и конфликт со Русија. Ние сакаме стабилна, предвидлива врска – додаде Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот