ВИДЕО I Кои се најбруталните полски навивачи кои предизвикаа хаос во Загреб: Договораат тепачки, вежбаат ММА, тепаат фудбалери…

EPA/TYTUS ZMIJEWSKI

Вечерва во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на шампионите играат Динамо Загреб и Легија Варшава, но вчера вечер имаше крвава предигра со пресметка меѓу навивачите на двата тима.

Околу 90-тина полски навивачи со 20-тина возила вчера вечерта пристигнале во населбата „Дубрава“ која е позната како населба во која живеат најопасните навивачи на Динамо. Тие седнале во локалните кафулиња и околу рацете имале бели ленти како знак на распознавање, а по неколку минути веднаш се појавиле околу 200 „Бед блу бојси“ кои со метални, дрвени палки, шишиња и столчиња од кафулињата ги нападнале полските навивачи.

Епилогот од етпачката помеѓу „Бед блу бојси“ и најнасилната навивачка група на Легија, „Теди бојс 95“ е десетина повредени и хоспитализирани навивачи, еден потешко повреден и опериран навивач, а се уапсени неколку десетици навивачи. Хрватска полиција ги депортирала сите уапсени полски навивачи, а дел од навивачите кои биле на одмор во Хрватска, со присуство на полиција се вратиле во апартманите, ги собрале своите работи и потоа исто така биле депортирани.


Иницијатор на нередите и тепачките во Загреб е најопасната навивачка група во Полска „Теди бојс 95“ која е и една од најбруталните во Европа.
Тие често учествуваат во договорени тепачки кои се нарекуваат „Уставки“ и во нив учествуваат одреден број на навивачи од две групи. Поради поголем дел од нивните членови тренираат мешани боречки вешптини.

 

 

„Теди бојс 95“ од 2002 година се во војна со управата на Легија бидејќи клубот западна во финансиски проблеми и постојано ги креваше цените на влезниците. Навивачите ги бојкотираа натпреварите, а интересен момент се случи на финалниот натпревар на Полскиот куп кога „Теди бојс 95“ влетаа на теренот и ги нападнаа фудбалерите на Лех Позњан притоа им ги одзедоа медалите и ги претепаа.
„Војната“ помеѓу „Теди бојс 95“ и управата на Легија траеше се до 2012 година кога омразениот сопственик си замина од клубот, неговото место го презеде милионерот Дариуш Миодуски кој направи договор со навивачите по што тие се вратија на трибините.

ВИДЕО: Тензично во Загреб, се судрија навивачите на Динамо и Легија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот