ВИДЕО I Картер, Буш, Клинтон и Обама во кампања за вакцинирање против ковид-19

epa08859435 (FILE) - EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

Поранешните американски претседатели Џими Картер, Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама ги повикаа своите сонародници да се вакцинираат. На видеото објавено денеска, со наслов „Од тебе зависи”, четворицата поранешни жители на Белата куќа ја нагласуваат потребата од вакцинирање.

Обама изјави дека „Оваа вакцина е синоним за надеж”, додека Клинтон вели: „Сакам да се вратам на работата и повторно да можам да се движам надвор”.

Додека Буш рече дека со нетрпение чека повторно да биде на преполн стадион за да ја бодри бејзбол екипа на Тексас Ренџерс.

– За да се победи пандемијата, важно е нашите сонародници да се вакцинираат, истакна Буш.

Друго видео, исто така објавено денеска, покажува како поранешните претседатели и нивните сопружници се вакцинираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот