ВИДЕО I Изгаснат пожарот во облакодерот во Лондон: Учествуваа 120 пожарникари

Повеќе од 120 пожарникари го изгаснаа пожарот што избувна на десеттиот кат на облакодер во источниот дел на Лондон, пренесуваат локалните медиуми.

Пожарникари со кран извлекуваа болен од коронавирус од стан во Лондон (ФОТО)

Лондонските пожарникари на местото на настанот пристигнаа со 20 противпожарни возила, откако пламенот избувна утрово нешто пред девет часот.

Делови од осмиот, деветтиот и десеттиот кат на зградата околу реката Темза беа зафатени од пламен, кој пожарникарите го гасеа неколку часа. 

ВИДЕО| Пожар во облакодер во Лондон

Штетата е проценета на повеќе од 500.000 фунти.

ПОЖАР во зграда во Лондон – Во нејзина близина предминатата година ЗАГИНАА 71 лице (ВИДЕО)

Причината за пожарот се уште не е позната.

Станарите се евакуирани, а некои од нив побарале медицинска помош поради вдишување чад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот