ВИДЕО I Индонезија: Вулканот Синабунг почна да исфрла облаци од пепел

Вулканот Синабунг, кој се наоѓа во индонезискиот регион Северна Суматра, почна да исфрла облаци од чад и пепел кои достигнаа висина од околу три километри, пренесува агенцијата Анадолија.

Во последните денови регистрирана е зголемена вулканска активност на Синабунг, а во текот на оваа недела забележани се околу 15 ерупции.

Армен Путра, член на тимот за набљудување на вулканот, изјави дека ерупцијата не предизвикала човечки загуби и го предупреди локалното население да биде оддалечено најмалку пет километри од вулканот и да биде подготвено за можно излевање на лава.

По речиси 400 години мирување, вулканот Синабунг повторно се активира во 2010 година. Во ерупциите на вулканот во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица, потсетува Анадолија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот