ВИДЕО I Хаос во „Големото јаболко“: Лажна дојава за експлозив предизвика вистинска масовна евакуација во Њујорк

Откако едно возило, наводно, полно со експлозив било забележано во близина на трговски центар во Квинс полицијата организираше масовна евакуација на овој дел од Њујорк и околните улици. Сепак, полицијата утврдила дека во возилото не постои експлозив.

Полицијата соопшти дека во 7 часот и 40 минути по локално време, добиле повик дека во автомобил, паркиран во гаража на трговски центар во Квинс, има канистер со експлозивен материјал, пренесува New York Daily News.

Полицијата донела кучиња за откривање експлозиви кои по проверката на сомнително возило не пронашле експлозив.

Покрај специјални полициски единици на местото на настанот излегоа и пожарникарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот