ВИДЕО I Хаос на улиците во Ереван: Демонстрантите кои бараат оставка од Пашијан се судрија со полицијата

Ерменските специјални полициски сили денеска започнаа со апсење на демонстрантите кои ја блокираа зградата на владата во главниот град Ереван, а демонстрантите предводени од опозицијата се упорни во нивните барања да не се распрснуваат додека премиерот Никол Пашијан не поднесе оставка.

„Членовите на кабинетот не можеа да влезат во зградата наутро и сега нашата цел е да ги држиме под блокада се додека премиерот Пашијан не објави оставка“, рече еден од лидерите на опозицијата, Ишан Сагателијан, кој ги организира протестите, пренесува ТАСС.

Ситуацијата останува напната, демонстрантите сè уште го блокираат централниот плоштад во градот и блиските улици.

Претходно, ерменскиот претседател Армен Саркисјан повика на предвремени парламентарни избори, а Пашијан, кој рече дека не планира да поднесе оставка затоа што владите треба да се менуваат само на избори, според некои блиски извори не ја исклучи можноста за предвремени избори, наведува агенцијата

Ерменската опозиција смета дека заедничката изјава што Пашијан ја потпиша на 9 ноември со рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со што се стави крај на воениот конфликт во регионот Нагорно Карабах, всушност значи предавање на таа земја. Опозицијата, исто така, го обвинува Пашијан за економските и социјалните проблеми со кои се соочува земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот