ВИДЕО I Градоначалникот најави рушење на ресторанот на ќерката на Додик во центарот на Бања Лука: Имаме докази дека е дивоградба

Следната недела ќе издадеме одлука за уривање на објектот „Агапе“, ресторан во сопственост на ќерката на Милорад Додик, кој се наоѓа во трговскиот центар Бошка, кој е исто така нелегален, изјави градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Тој вели дека станува збор за тераса со сите придружни објекти и магацини, тенди и колиби, кои се, како што наведува, „целосно нелегални“.

– Никој не го видел тоа со години, што е штета. Ги имаме сите документи дека сето тоа е незаконско и ќе издадеме одлука за рушење. Сите згради изградени погоре немаат дозвола за градба или употреба и тие се непостоечки за нас. Единствено што е на горниот кат е дозволено да бидат маси и столови, а не сите придружни објекти – рече тој.

Тој додаде дека овој потег е „борба за владеење на правото“.

ФОТО I Твитер и Фејсбук се вжештија откако инспекција влезе во ресторанот на ќерката на Додик

– Кумот на Додик има нелегално изграден ресторан. Ја имате неговата ќерка која има дивоградба со сите придружни тенди, чардаци или како и да се викаат. Имаме внук со нелегални билборди. Па, дали овие луѓе имаат нешто легално? Нашите инспектори чекаа Горица да дојде на состанокот половина час, но таа не се појави. Наместо неа, се појави републичкиот инспектор Мијовиќ. Морбидно е, и затоа овој човек треба да добие уште една кривична пријава – рече Станивуковиќ.

Тој вели дека Републичкиот инспекторат може да забави одредени процеси, но не може да ги запре.

Ресторанот „Агапе“ е во сопственост на Горица Додик, ќерка на Милорад Додик, водачот на СНСД и претседател на Претседателството на БиХ. Во исто време, по преземањето на мандатот, Станивуковиќ го иницира и прашањето за изградба на угостителскиот објект „Кајак тераса“, кој бил изграден на земјиште во сопственост на градот Бања Лука, а што, според новата градска влада, не немаат градежна или друга дозвола. „Кајак тераса“ припаѓа на семејството на Милета Радишиќ, кум на Милорад Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот