ВИДЕО: И Ѓоковиќ не можеше да поверува, Федерер со најлудиот потег на „Лејвер куп“

Рожер Федерер во својот последен меч во кариерата во двојки со Рафаел Надал/Лондон, Британија/23 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Рожер Федерер (41) со причина е еден од најдобрите тенисери во историјата. Последниот меч го игра во Лондон на „Лејвер купот“ и уште еднаш покажа дека класата е вечна.

Дефинитивно го одигра еден од најневеројатните потези во историјата на тенисот, дури и Новак Ѓоковиќ стана да види што точно се случило таму.

Во третиот гем на мечот двојки, во кој на едната страна беа Рожер Федерер и Рафаел Надал за „Тимот на Европа“, а на другата Џек Сок и Френсис Тиафо за „Тимот на Светот“, беше виден вистински спектакл.

Швајцарецот почна да игра форхенд, успеа во тоа, тој и Шпанецот почнаа да слават, а потоа дојде до изедначување. Излезе дека го направил невозможното, ја испратил топката верувале или не низ мрежата! Да, преку една дупка на врвот на мрежата.

Сите беа изненадени, тренерот на „Тимот на Светот“, Џон Мекинро побрза да ја види таа дупка, а судијата Мохамед Лајани со насмевка им покажа на сите каде заврши топката.

Никој од нив не можеше да поверува. Рафа се пошегува дека треба да добијат поен за тоа, но правилата се поинакви. Поенот му припадна на „Тимот на Светот“. Но, „Тимот на Европа на крајот го освои гемот.

ВИДЕО: Човек си ја запали раката среде тениски меч на „Лејвер купот“ во Лондон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот