ВИДЕО I Емотивно: Синиша Михајловиќ заплака кога дозна дека ќе стане дедо

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ наскоро ќе стане дедо. Неговата ќерка Вирџинија е бремена, таа веста ја објави на социјалните мрежи и притоа објави видео на кое се гледа како Михајловиќ заплака од среќа кога ја дозна веста.

Таа прво на своето момче Алесандро Волјачи на симпатичен начин му кажа дека ќе стане татко, а потоа пријатно го изненади и својот славен татко. Михајловиќ не можеше да ги сокрие солзите откако ја слушна прекрасната вест.
„Сакаме нешто да ви откриеме. По кој знае кој пат ги пишувам овие зборови за видеото,  ја имав најволшебната и најубавата трема додека го правам ова. Се уште потполно не сфатив дека ова е најголемиот сон кој го имавме, од нашиот прв заеднички ден и тој сега стана реалност“, напиша Вирџинија во дел од пораката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот