ВИДЕО I Економска анализа на Мирче Јовановски: Социјалните пакети се директни поттикнувачи на сивата економија и ја хранат правната недисциплина

Фото: youtube/printscreen

Петтиот пакет е конципиран по сеопфатни консултации со бизнис заедницата и синдикатите и од тој аспект мислам дека ќе наиде на поддршка од двете страни во трипартитниот дијалог со владата. Претпоставувам дека толку е чергата на државата. Ова е петти пакет и многу ќе биде важно како тој ќе се реализира. Доколку правиме некаква анализа на овој најнов пакет, тој содржи за секого по нешто – и директна поддршка за субвенции за плати, и бескаматни кредити за фирми, има одложување на плаќање на сметки, итн. Но, ќе видиме како сето тоа ќе се реализира, изјави економскиот аналитичар Мирче Јовановски во „Утрински брифинг“.

– И за компаниите кои инвестриаат има дел во овој пакет, преку гарантната шема и другите мерки кои се однесуваат за извозниците. Да не заборавиме дека една од мерките е намалување на царината за суровините. Но, една од работите кои јас лично мислам дека на долг рок не дава ефекти, па дури е контрапродуктивна е простувањето на долговите. Од една страна, добро е да се помогне на општините кои мака мачат да го финансираат своето работење, меѓутоа има нешто што се вика морален хазард, односно кога еднаш ќе се прости се очекува дека и во иднина, исто така, некој ќе им прости повторно. Во тој контекст ја гледам и оваа мерка за простување на каматите. Владата нема неограничен капаците да помага со финасии и се применува една мерка каде што товарот се префрла на ЈП и тоа повторно ќе оди на товар на буџетот, вели Јовановски.

Целата анализа за владиниот петти сет на мерки на економскиот аналитичар Мирче Јовановски погледнете ја во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот