ВИДЕО I Египет ја отвори границата со Газа поради евакуација на повредените лица на единствениот излез што не е под контрола на Израел

epa01233418 A Palestinian girl naps atop the back seat of a taxi as with her family crosses back from the Egyptian side of Rafah into the southern Gaza Strip, 24 January 2008. The breaching of the border between the Gaza Strip and Egypt was a first step toward ending the Israeli blockade of the salient, a senior Hamas official said Thursday, the day after militants blasted gaps in the border fence. EPA/ALI ALI

Египет денеска ја отвори својата копнена граница со Појасот Газа и испрати десет амбуланти во палестинската енклава за евакуација на ранетите во палестинско-израелскиот конфликт, пренесуваат агенциите.

Официјален Каиро направи исклучок и „ја отвори границата Рафах за премин на десет египетски амбуланти за евакуација на ранетите и нивно пренесување во Египет на лекување”, изјави извор кој побарал да остане неименуван.

Граничниот премин Рафах е единствениот излез од Газа што не е под контрола на Израел.

Газа е под блокада на хебрејската држава од 1967 година.

Египетското јавно здравје уште вчера најави дека три болници се подготвуваат да ги примат ранетите од Газа.

Според последните податоци на палестинските власти, 139 лица загинаа, од кои 39 деца, а речиси илјада се повредени во воздушни напади и бомбардирања на Појасот Газа со кои Израел одговори на палестинските ракетира на својата територија од Појасот Газа, каде на власт е исламистичкото палестинско движење Хамас. 

Видео на денот