ВИДЕО I Денот кога мамбата се одјави и го одигра последниот натпревар во НБА

Нормално Џордан и Брајант се најдобрите кошаркари во историјата./ фото: EPA/BRENDAN MCDERMID

На денешен ден пред пет години, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант го одигра последниот натпревар во кариерата.

На 13. април 2016 година, Коби Брајант замина со спортска пензија одигрувајќи го последниот натпревар во богата кариера која ја помина само во еден клуб ЛА Лејкерс.
Лејкерси пред точно пет години играа против Јута џез со 110:93, а Брајант се „одјави“ на спектакуларен начин постигнувајќи 60 поени.
Токму по натпреварот, Брајант во прошталниот говор како играч на Лејкерс, изговори два збора кои станаа синоним за кошаркарот кој освои пет шампионски титули со ЛА Лејкерс.
„Мамбата се одјави (Mamba out)“

За жал на 26. Јануари 2020 година, Коби Брајант заедно со својата ќерка Џиана и уште седум лица трагично загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на Лос Анџелес. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот