ВИДЕО I Борисов подари палто на работник на автопат: Нека ти е алал, твое е, само да ја земам маската, запалката ти ја оставам

Бугарскиот премиер ја користи секоја прилика во јавноста за додворување до гласачкото тело во пресрет на претстојните парламентарни избори. Па, така не ја прокоцка ниту денешната за време на обиколката на градежните работи за реконструкција на автопарот Чирпан – Стара Загора.

На еден од работниците, за време на присуството на високиот гостин, му падна во очи палтото на Борисов и гласно го пофали.

– Што ви убаво палтото. И јас сакам да си купам едно вакво, дофрли работникот кон Борисов.

Борисов не чекаше премногу да направи гест што преку камерите ќе ја обиколи цела Бугарија. Се заврте кон своите соработници и ги праша дали има друго палто во автомобилот додека го соблекуваше тоа што го носеше на себе и му го подари на работникот што беше дочекано со аплуаз од останатите кои работат на автопатот.

– Нека ти е алал. Само да проверам по џебови. Ќе ти ја оставам запалката, ама ќе си ја земам маската, му рече Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот