ВИДЕО I Бесрамен грабеж во Белград: Жена броеше пари во менувачница, крадецот го начека вистинскиот момент

Грабежот што се случи во менувачницата во булеварот Деспот Стефан во Палилула е снимен од надзорна камера, а видеото ги шокираше сите граѓани.

Надзорните камери ги снимиле отворената врата на менувачницата и еден млад човек како стои надвор и гледа внатре, додека една жена брои пари на шалтерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

Тој го искористи погодниот момент, се приближи и ги грабна парите. Крадецот се сврте и избега, а ограбената жена во паника се затрча по него.

Полицијата била известена веднаш и реагирала бргу. Врз основа на описот на разбојникот и снимките од безбедносната камера, сторителот бил брзо фатен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот