ВИДЕО I Барди пристигна во Трабзон: Дојдов тука да го исполнам сонот за настап во Лигата на шампионите

Принтскрин/твитер

Македонскиот репрезентативец Енис Барди пристигна во Трабзон каде во наредните часови ќе треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со турскиот шампион Трабзонбспор.

Навивачи и турските медиуми го пречекаа Барди на аеродромот, кој во Трабзон доаѓа од Леванте во трансфер вреден 8 милиони евра.

– Среќен сум што сум овде. Подготвен сум да работам. Останува да ги средам сите детали и потоа да се видам со мојот нов тренер и моите нови соиграчи. Дојдов тука да го исполнам сонот за настап во Лигата на шампионите, мотивиран сум што ќе играм за Трабзонспор, сакам да станеме шампиони и да влеземе во Лигата на шампионите – изјави Барди, кој треба да стави параф на тригодишен договор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот