ВИДЕО | И Австрија е под вода, многу одрони и надојдени реки

По обилните дождови, поројните поплави го зафатија и градот Халејн во Австрија. Малата градска река се претвори во порој.

По обилните дождови, поројните поплави го зафатија и градот Халејн во Австрија. Малата градска река се претвори во порој.

„Ситуацијата е многу напната и драматична“, изјави портпаролот на локалната полиција.

Населението во овој град е предупредено да внимава и да не слегува во подрумите. Ситуацијата е напната и во другите делови на австриските Алпи. Околу Кицбил, во западната провинција Тирол, пожарникарите испумпуваа вода од бројни подруми.

Обилните дождови (над 100 литри на метар квадратен) предизвикаа поплави и во германската провинција Саксонија, на истокот од земјата.

Поплавите го погодија и ридско подрачје долж долината Елба кај Дрезден. Окружната администрација извести дека особено се погодени Нојштат, Себиниц, Бад Шандау, Рајнхардсдорф-Шена и Гохриќ. Властите ги повикаа жителите да ги напуштат подрумите, подземните гараќи и подземната железница.

Според Провинцискиот центар за поплави, нивото на водата 4 е надминато на мерната станица Нојштат 1 на реката Поленц. Во долниот тек на реките Кирниц, Себиниц и Лахсбах е забележан екстремен пораст на водостојот.

 

Во поплавите во Германија загинаа најмалку 156 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот