ВИДЕО I Активност што се граничи со храброст и лудило: Човек оди на жица помеѓу два облакодери во Сараево

Попладнево во Сараево, поточно во населбата Маријин Двор, неколку граѓани присуствуваа на необичен перформанс, а фокусот беше на едно лице кое одеше на жица помеѓу два облакодери.

Како што може да се види на видеото кое го објави порталот Кликс, едно лице одеше по жица помеѓу два облакодери во Маријин Двор.

Иако ваквите активности се ризични и навистина се граничат со храброст и лудило, она што може да се забележи од видеото е дека човекот ја реализирал оваа изведба без поголеми проблеми, пишува Кликс.

Во последните неколку години, ваквите активности често може да се видат во многу градови низ светот, каде многу акробати се изложени на токму таков ризик, особено на високи згради, како што се облакодери или кули.

Освен во урбаните средини, ваквите активности честопати ги практикуваат акробати во природата, каде што е популарно одење по жица над вулкан или поголеми ретки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот