ВИДЕО: Хулиганите на Олимпија влетаа на прес-конференција и го избркаа новиот тренер

Принтскрон/Твитер/Nogomania

Неколку хулигани „Грин драгонс“, навивачка група која навива за Олимпија Љубљана, упаднаа на прес-конференцијата на новиот тренер Алберт Риера, кој е поранешен играч на Ливерпул и кој го замени Роберт Просинечки на клупата и му порачаа дека не е добредојден.


Шпанецот беше збунет и изненаден од нивниот упад во официјалната презентација, хулиганите му порачаа дека не е добредојден тука,по што Риера стана и ја напушти просторијата.


Шпанецот денеска и официјално го замени Роберт Просинечки на клупата кој по само три месеци си замина од словенечкиот клуб поради несогласувања со управата. Навивачите застанаа на негова страна и веќе протестираа против актуелната управа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот