ВИДЕО: Хулиганите на Гремио тешко го поднесоа поразот, влетаа на теренот и кршеа сè пред себе
Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил каде фудбалерите на Гремио загубија на домашен терен од Палмеираш со 1:3 и тоа доведе до масовни нереди по натпреварот.
Навивачите на домашниот тим по завршување на натпреварот упаднаа на теренот каде кршеа се пред себе поради што мораше да интервенира полицијата.
Гремио поведе во 12. Минута преку Диего Соуза, но во финишот од првиот дел Рафаел Вега постигна два гола за Палмеирас. Во последните моменти од натпреварот, Брено Лопез ја потврди победата на гостинскиот тим, по што хулиганите на Гремио влетаа на теренот додека фудбалерите на двата тима брзо избегаа во соблеувалните.
Навивачите кои влетаа на теренот кршеа и фрлаа се што ќе дофатат, се додека не интервенираше полицијата.
Гремио се наоѓа на претпоследното 19. место со 26 бодови, четири помалку од местото кое обезбедува опстанок во првата лига.
Torcedores do Grêmio invadem o campo da Arena após a derrota para o Palmeiras e provocam quebra-quebra em campo. Confusão toma também as arquibancadas. pic.twitter.com/D9fOYmmXgO
— ge (@geglobo) October 31, 2021