ВИДЕО: Хрватска футсал магија на ЕП каква што ретко се гледа

Хрватските футсалци стартуваа со триумф над Полска на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/Gerrit van Keulen

Членот на хрватската футсал репрезентација Матеј Хорват постигна прекрасен гол кој може да конкурира за еден од најубавите во историјата на овој спорт.

Неговата селекција на стартот на Европското првенство во Холандија славеше над Полска со 3:1.

Во осмата минута Хорват направи мајсторија и го постигна еден од најдобрите погодоци во историјата на континенталните собири.

Прими топка по десната страна, најпрвин се ослободи од еден противнички играч, потоа измами уште еден заедно со голманот и на одличен начин ја затресе мрежата.

Во истата група „Ц“ репрезентацијата на Русија исто така имаше победнички старт откако ја совлада Словачка со 7:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот