ВИДЕО: Хрватите на чекор од завршниот турнир во Лигата на нации

Хрватите слават важна победа против Данска на стадионот „Максимир“/Загреб, Хрватска/22 септември 2022/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во петтото претпоследно коло од групата „1“ во Лигата „А“ во Лигата на нации нова победа забележа Хрватска која на „Максимир“ ја победи Данска со 2:1.

„Коцкестите“ дојдоа на чекор од уште едно историско достигнување. Само 90 минути ги делат од пласман на завршниот турнир на четирите најдобри селекции во Лигата на нации, откако со победата над Данска сега се наоѓаат на првото место во групата.

По првото полувреме, каде двете селекции имаа шанси, подобро се снајдоа Данците, а домашните имаа поголем посед, а во вториот дел беа постигнати сите голови. Веќе во 49 минута Хрватска поведе, првиот гол во хрватскиот репрезентативен дрес го запиша Борна Соса.

Хрватите водеа до 77. минута кога Кристијан Ериксен испрати силен удар, која заврши во горниот лев агол од голот на Ливаковиќ. Прославата на Данците не траеше долго. Речиси веднаш по голот во игра влезе Ловро Мајер. Играчот на Рен во првата акција го совлада Шмајхел, по одличното додавање на Бруно Петковиќ во 79 минута.

Со тој гол Хрватска освои три важни бода, а со победа во последното шесто коло над Австрија на гостински терен би обезбедила пласман на завршниот турнир, а може и со пораз доколку Данска во последното коло не ја совлада Франција во Копенхаген.

Лига на нации

Денеска, резултати:

Лига „А“

Белгија – Велс 2:1
Хрватска – Данска 2:1
Франција – Австрија 2:0
Полска – Холандија 0:2

Група „1“
Табела: Хрватска 10 бодови, Данска 9, Франција 5, Австрија 4.

Група „4“
Табела: Холандија 13 бодови, Белгија 10, Полска 4, Велс 1.

Лига „Ц“

Казахстан – Белорусија 2:1
Литванија – Фарски Острови 1:1
Словачка – Азербејџан 1:2
Турција – Луксембург 3:3

Група „1“

Табела: Турција 13 бодови, Луксембург 8, Фарски Острови 5, Литванија 1.

Група „3“

Табела: Казахстан 13 бодови, Азербејџан 7, Словачка 6, Белорусија 2.

Лига „Д“

Летонија – Молдавија 1:2
Лихтенштајн – Андора 0:2

Група „1“

Табела: Летонија 12 бодови, Молдавија 10, Андора 7, Лихтенштајн 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот